Стејт департментот ги повика Американците да го напуштат Либан и да не патуваат во таа земја
– Стејт департментот ги повика Американците во Либан да ја напуштат таа држава поради ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, додека комерцијалните летови остануваат достапни.
„Поради непредвидливата природа на тековниот конфликт меѓу Хезболах и Израел и неодамнешните експлозии низ Либан, вклучително и Бејрут, Амбасадата на САД ги повикува американските граѓани да го напуштат Либан додека се уште се достапни комерцијалните летови“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Моментно се достапни комерцијални летови, но со намален капацитет.