Сеизмолошката опсерваторија објави мерки што треба да се преземат пред, за време и по земјотрес


Мерки што треба да се преземат за заштита пред, за време и по случен земјотрес може да видат со скенирање на кју-ар код што може да се најде на фејсбук-страницата на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Во брошурата, која може да се отвори со скенирање на кју-ар кодот, се наведуваат сите мерки што се корисни да се знаат и се однесуваат на тоа што е потребно да се има подготвено во случај да има земјотрес и каде и како граѓаните треба да се засолнат.

Од Сеизмолошката опсерваторија велат дека во случај на почувствуван земјотрес граѓаните треба да се јават на единствениот телефонски број за итни повици 112.

Оттаму упатуваат и апел за пополнување на прашалникот за почуствуван земјотрес, податоци за кои велат дека се големо значење за работата на Сеизмолошката опсерваторија.

Потсетувањето од Сеизмолошката опсерваторија доаѓа по денешните два земјотреси што беа почувствувани од жителите на Скопје, Велес, Гостивар, Свети Николе и околните населени места.

Back to top button
Close