ВИДЕО: Пожар во повеќекатница во Чаир, евакуирани над 100 лица, меѓу нив и деца

Голем пожар рано утрово зафати станбена зграда во скопската општина Чаир. Огнот според информациите почнал да се шири од подрумските простории на зградата од каде се издига и густ чад.

Екипите на противпожарната бригада и итната медицинска помош се на терен. За ТВ Телма потврдија дека била извршена итна евакуација на станарите. Станува збор за поголем објект од кој до рано утринава биле извлечени над 100 лица. Меѓу нив има и повредени лица соопшти итната медицинска помош.

Од таму во изјава за Телма соопштиле дека за сега сепак нема потешко повредени.

На најголем број од лицата им била укажана лекарска помош поради вдишување на чад. Во пожарот била зафатена продавница и магацински простор.

Евакуацијата се уште е во тек а поради густиот чад оневозможено е станарите да бидат евакуирани од влезната врата на зградата па тоа во моментов тоа се прави со посебни скали и станарите се евакуираат од терасите и покривот на зградата.

 

 

Back to top button
Close