Таравари: Ако истрагата ги потврди моите сознанија, ќе барам лична одговорност

Лична одговорност за смртта на 14 месечено бебе на клиниката за детски болести мора да има. Министерот за здравство Арбен Таравари вели го испитал случајот со починатото бебе на Детската клиника, чии родители вчера тврдеа дека не добило соодветна здравствена помош. Роднините на починатото бебе вчера рекоа дека било вратено на домашно лекување, а не во болница.

Таравари сега вели и тој ја имал истата информација, дека било вратено од болница. Но остава истрагата да го каже последниот збор.

-Дефинитивно треба да има одговорност. Меѓутоа, не очекувајте од мене од денеска да судам. Да кажам дека било вака или така. Дајте компетентните органи во државата да испитаат сѐ во детали и на крај да излеземе дека некој мора да сноси одговорност кога има вакви случаеви во здравствениот систем, рече Таравари.

Најави и формирање на посебна комисија заедно со Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

-Треба утре во Министерството заедно со ДСЗИ да формираме Комисија и веднаш да постапат, да ги земат сите детали предвид и на крај да се донесе одлука и да се предадат на судските органи за да се донесе конечно решение како треба да се постапи, рече министерот.

Обдукцијата на телото на бебето е завршена

Back to top button
Close