Алекс Салмонд починал во Охрид од срцев удар
Познати се првите детали за смртта на поранешниот премиер на Шкотска Алекс Салмонд. Како што дознава неофицијално 4NEWS.mk срцев удар е причината за ненадејната смрт на познатиот политичар.
Утрово се огласи и кралот кој изјави дека е многу тажен поради ненадејната смрт на Алекс Салмонд, првиот прв министер на СНП на Шкотска.Во пораката издадена од Бакингемската палата, кралот Чарлс рече: „Мојата сопруга и јас сме многу тажни што слушнавме за ненадејната смрт на Алекс Салмонд.
„Неговата посветеност на Шкотска ја поттикна неговата децениска јавна служба.
„Изразуваме длабоко сочувство до неговото семејство и најблиските во овој момент.
Салмонд беше учесник на Школата за млади лидери организирана од поранешниот претседател на Македонија Ѓорѓе Иванов. По одржавата сесија, тој седнал на ручек каде му се слошило и паднал.
Брза помош констатирала смрт, а јавен обвинител наредил обдукција врз телото.