СДСМ бара оставка од министерот Тошковски: Како на Див Запад, синоќа во Чаир се случи уште едно во низата пукања, безбедноста на улиците е влошена

Вчера во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ бил пријавен 35-годишен маж со прострелна рана во ногата. Повредениот Е. А. (35) од Скопје бил нападнат додека се движел пеш по улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, безбедноста на улиците е алармантно и катастрофално влошена, а криминалните пресметки се во голем пораст, реагираат од СДСМ по вчерашното пукање во Чаир во кое, како што информираа од полицијата, беше повредено едно лице.

 

„Како на Див Запад, синоќа во Чаир се случи уште едно во низата пукања. Со доаѓањето на власт на ДПМНЕ и Мицкоски состојбата со безбедноста на улиците е алармантно и катастрофално влошена, криминалните пресметки се во голем пораст. Секојдневните крвави инциденти и пукања потврдуваат сериозно влошена безбедност на улиците и ја покажуваат целосната неспособност на Тошковски и МВР. Уште колку човечки животи треба да бидат загрозени пред Тошковски да ја преземе одговорноста за хаосот на улиците и да си даде оставка?“,

 

прашаа од СДСМ.

Оттаму нагласија дека во изминатите 100 дена власт на ВМРО-ДПМНЕ, се случиле над 20 оружени инциденти.

 

„Ова е трето пукање за само еден месец. Минатата недела беше повреден 19-годишен човек, претходно исто така имаше пукање со повредени момчиња од 19 години. Освен во Чаир, пукања имаше и во Арачиново, Батинци, Синѓелиќ, Пластичарска улица, Тетово, се случи убиство кај Мавровка и уште десетина други убиства. Граѓаните стравуваат за својата безбедност, а Тошковски и ДПМНЕ немаат капацитет да ги заштитат. Немало досега понеспособен министер за внатрешни работи“се наведува во соопштението на СДСМ.

Вчера во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ бил пријавен 35-годишен маж со прострелна рана во ногата. Повредениот Е. А. (35) од Скопје бил нападнат додека се движел пеш по улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според МВР, повредениот во болница го донел неговиот брат. Тој на полицијата ѝ појаснил дека повредениот се движел по улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“ во Скопје кога му се приближило едно лице и му пукало во ногата.

Пред десет дена во Чаир исто така имаше пукање, во кое беше повредено едно лице.

Пукањето, како што информираа од МВР, се случило на улицата „Цветан Димов“, а во повредениот било пукано од возило „пасат“.

Back to top button
Close