Тренчевска: За само 110 дена новата влада не врати назад, Албанија е веќе пред нас на пат кон ЕУ
Во изминатите 110 дена не видовме никаков оптимизам за државата, туку песимизам, за само 110 дена со новата влада на ДПМНЕ толку сме назад, што не тргнаа од патот кон ЕУ, не сме веќе заедно ниту со Албанија, истакна пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска во дебатната емисија „Анализа“ на телевизија 24.
Тренчевска порача дека СДСМ нема да биде кочничар, како што беа ВМРО-ДПМНЕ, на европскиот пат на Македонија но ќе се спротивстави на секоја манипулација на власта.
Власта, додаде таа, има обврска да го претстави планот како ќе продолжи европскиот пат понатаму или да каже која е алтернативата.
-Ние како СДСМ повикуваме на затворена седница да разговараме за европската иднина, да даде извештај и вицепремиерот за европрски парашања и премиерот и да видиме како понатаму, нагласи Тренчевска.
Пратеничката Тренчевска потсети дека СДСМ го заврши скринингот и тоа е голем успех и ако ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период не беше кочничар на европскиот пат, да се донесеа уставните измени, сега ќе одевме напред со Албанија, сега ќе имааше втора меѓувладина конференција, на која што ќе почнеа преговорите за првото поглавје.