Протести во Боливија поради најавено апсење на поранешниот претседател Ево Моралес
Приврзаниците на поранешниот боливиски претседател Ево Моралес се судрија со полицијата по најавата за негово апсење под обвинение за силување на малолетничка и трговија со луѓе.
Обвинителката Сандра Гутиерез најави дека ќе издаде налог за апсење откако Моралес не присуствуваше на сослушувањето за случајот минатата недела, јави Би-Би-Си.
Обвиненијата против Моралес, кој беше претседател на Боливија од 2006 до 2019 година, повторно се појавија пред претседателските избори следната година, на кои тој планира да се кандидира против неговиот партиски ривал, актуелниот претседател Луис Арсе.
Приврзаниците на Моралес вчера поставија блокади на две крстосници каде што беа уапсени најмалку 12 лица, а еден полицаец беше повреден.
Тие најавија дека блокадата ќе ја задржат „на неодредено време“ и ќе ја прошират на главните патишта низ земјата доколку поранешниот претседател биде уапсен.
Министерството за правда во 2020 година поднесе кривична пријава против поранешниот претседател, обвинувајќи го за силување и трговија со луѓе.
Обвинителите тврдат дека Моралес имал сексуална врска со малолетничка во 2015 година, која ја однел и на патувања во странство, што според нив претставувало трговија со луѓе.
Моралес тврдеше дека обвиненијата се дел од десничарската одмазда против него од страна на привремениот претседател кој го замени на функцијата по неговата оставка во 2019 година поради наводите за местење на гласовите.
Поранешниот лидер, кој во тоа време живееше во егзил, исто така беше обвинет за бунт и тероризам.
Меѓутоа, налогот за апсење тогаш беше поништен откако неговите адвокати успешно тврдеа дека не се почитувала соодветната постапка.
Моралес се врати во Боливија еден ден откако Луис Арсе од партијата Мас на Моралес положи заклетва како претседател во ноември 2020 година, но од тогаш растат тензиите меѓу Моралес и Арсе и ескалираа откако и двајцата ги објавија своите намери да се кандидираат за претседател во 2025 година.сд/Приврзаниците на поранешниот боливиски претседател Ево Моралес се судрија со полицијата по најавата за негово апсење под обвинение за силување на малолетничка и трговија со луѓе.
Обвинителката Сандра Гутиерез најави дека ќе издаде налог за апсење откако Моралес не присуствуваше на сослушувањето за случајот минатата недела, јави Би-Би-Си.
Обвиненијата против Моралес, кој беше претседател на Боливија од 2006 до 2019 година, повторно се појавија пред претседателските избори следната година, на кои тој планира да се кандидира против неговиот партиски ривал, актуелниот претседател Луис Арсе.
Приврзаниците на Моралес вчера поставија блокади на две крстосници каде што беа уапсени најмалку 12 лица, а еден полицаец беше повреден.
Тие најавија дека блокадата ќе ја задржат „на неодредено време“ и ќе ја прошират на главните патишта низ земјата доколку поранешниот претседател биде уапсен.
Министерството за правда во 2020 година поднесе кривична пријава против поранешниот претседател, обвинувајќи го за силување и трговија со луѓе.
Обвинителите тврдат дека Моралес имал сексуална врска со малолетничка во 2015 година, која ја однел и на патувања во странство, што според нив претставувало трговија со луѓе.
Моралес тврдеше дека обвиненијата се дел од десничарската одмазда против него од страна на привремениот претседател кој го замени на функцијата по неговата оставка во 2019 година поради наводите за местење на гласовите.
Поранешниот лидер, кој во тоа време живееше во егзил, исто така беше обвинет за бунт и тероризам.
Меѓутоа, налогот за апсење тогаш беше поништен откако неговите адвокати успешно тврдеа дека не се почитувала соодветната постапка.
Моралес се врати во Боливија еден ден откако Луис Арсе од партијата Мас на Моралес положи заклетва како претседател во ноември 2020 година, но од тогаш растат тензиите меѓу Моралес и Арсе и ескалираа откако и двајцата ги објавија своите намери да се кандидираат за претседател во 2025 година.сд/