Израел повторно го напаѓа Бејрут иако САД се противат на обемот на воздушните напади

Во последните недели израелската војска изврши напади врз јужните предградија на Бејрут без претходно предупредување. Иако надлежните најавуваа предупредувања дека ќе напаѓаат одредена област, потоа нападите се одвиваа во пошироки региони

Израел утрово ги нападна јужните предградија на Бејрут, иако неколку дена оваа област е поштедена од напади. Израелската војска издаде предупредување за евакуација на одредена зграда, но очеведци сведочат дека се слушаат експлозии и се гледа како излегува чад од две различни населби во регионот, пренесува Ројтерс.

Претходно, САД соопштија дека се спротивставуваат на размерите на израелските напади во Бејрут, особено ако се загрозени цивили.

Во последните недели израелската војска изврши напади врз јужните предградија на Бејрут без претходно предупредување. Иако надлежните најавуваа предупредувања дека ќе напаѓаат одредена област, потоа нападите се одвиваа во пошироки региони.

Израелската војска објави и дека извршила напад врз подземно складиште за оружје на Хезболах во јужното предградие Дахиех во Бејрут.

„Пред нападот, беа преземени бројни чекори за да се намали ризикот од цивилни жртви, а е испратено и предупредување до населението во областа“се вели во соопштението од израелската војска.

Израел започна упад во јужниот дел на земјата, за кој вели дека има за цел да го потисне Хезболах.

Некои западни земји се залагаат за прекин на огнот меѓу двата соседа, како и во Газа, иако САД сè уште го поддржуваат Израел и испраќаат противракетен систем и војници.

Back to top button
Close