ДУИ обвини дека стотици Албанци се отпуштани од државни институции, други трпеле притисоци и закани со откази

Опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) денеска обвини дека по доаѓањето на новата власт стотици етнички Албанци биле отпуштени од своите работни места во многу државни институции, меѓу кои и од Министерството за односи меѓу заедниците со кое раководи министерот Иван Стоилковиќ, кого го нарекоа „путинист и негирач на независноста на Косово“.

Обвинија за притисоци и закани со откази кон вработените во дел од државните органи.

„Ја намалија застапеноста на Албанците од 30 на 24 проценти во администрацијата. Вработувањето на Албанците е еднакво на нула. Се патуваше во НАТО без ниту еден Албанец. Албанскиот јазик е тргнат од употреба во 100-ина институции, а повторно заживеа иницијативата за укинување на законот за употреба на јазикот. Одземени се работните простории од Агенцијата за албански јазик. Народниот ансамбл и музичкиот театар се дискриминирани како никогаш досега“,велат од ДУИ.Опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) денеска обвини дека по доаѓањето на новата власт стотици етнички Албанци биле отпуштени од своите работни места во многу државни институции, меѓу кои и од Министерството за односи меѓу заедниците со кое раководи министерот Иван Стоилковиќ, кого го нарекоа „путинист и негирач на независноста на Косово“.

Обвинија за притисоци и закани со откази кон вработените во дел од државните органи.

 „Ја намалија застапеноста на Албанците од 30 на 24 проценти во администрацијата. Вработувањето на Албанците е еднакво на нула. Се патуваше во НАТО без ниту еден Албанец. Албанскиот јазик е тргнат од употреба во 100-ина институции, а повторно заживеа иницијативата за укинување на законот за употреба на јазикот. Одземени се работните простории од Агенцијата за албански јазик. Народниот ансамбл и музичкиот театар се дискриминирани како никогаш досега“,велат од ДУИ.

Обвинија дека со последната одлука на Уставниот суд за укинување на „балансерот“ се негира Охридскиот рамковен договор и се поништува етничката припадност со цел да се спречи принципот на правична застапеност и, како што велат, да се отвори пат за поништување на Бадентеровиот принцип. Обвинија и дека Стоилковиќ ги „осакатил“ буџетите за Охридскиот договор и одбележувањето на Денот на азбуката.

Реагираат дека челните позиции на Агенцијата за разузнавање и Фондот за здравствено осигурување по првпат се „изгубени“ оти таму не се назначени претставници на Албанците. Изгубени, како што велат, се и сите раководни позиции во МВР и многу позиции во извршната власт.

„Сите албански економски директори во сите клиники се разрешени и чувството на дискриминација на граѓаните се чувствува уште на вратата на клиниката. Бебето Албанче беше претепано, додека 14-месечното девојче почина поради негрижа во клиниката и никој не презема одговорност“,

обвинија од партијата на Али Ахмети.Ги критикуваа дел од министрите во Владата.„Министерот одговорен за добро владеење оди на партиски состаноци со својот службен автомобил и не сноси никаква одговорност. Џентлменот го назначи целото семејство за директори и функционери. Министерот за економија не знае ниту колку е минимална ниту просечна плата. Министерот за Европа не го знае името на амбасадорот на Европска Унија во државата и затоа се сретна со Ричард Гир“,додаваат од опозициската партија.

Обвинија дека власта се откажала од уставните измени и евроинтеграциите.

„Граѓаните никогаш не биле попонижени, попотценети, попогазени, без европска перспектива, а сето тоа се случува затоа што губитниците на претседателските и парламентарните избори влегоа во Владата без легитимитет, како губитници и без никакви услови“,заклучуваат од ДУИ.

 

 

 

Back to top button
Close