Палевски го праша сведокот дали го видел неговиот лик на камерите, на што сведокот одговори потврднo

По сведочењето на началникот Дејан Димовски од СВР Скопје, за тоа како течела потрагата за Вања Ѓорчевска, прашања му поставуваше и обвинетиот Љупчо Палевски Палчо.

Тој го праша сведокот дали останатите обвинети кажале кога била копана дупката за Вања? Началникот посочи дека знае дека еднаш кажале дека е истиот ден кога била исчезната и убиена.

-Еднаш кажаа дека е копана дупката на 27 ноември, односно на лице место кога отишле со девојчето, рече началникот.

Палчо го праша и дали го видел неговиот лик на камерите, на што сведокот одговори потврдно.

-Да, се гледа на камерите од Сејф сити, рече началникот, но на дополнителното прашање дали го видел во возило заедно со останатите обвинети, сведокот рече дека на камерите се гледаат само возачот и совозачот, и не се сеќава дали така го видел Палевски.

Повеќе

Back to top button
Close