Му реков „земи утепај се ти“: Александар ми рече ако е убиена Вања, ќе се убијам и јас – сведочеше чичкото на мајката Зорица
Вториот сведок на денешното рочиште за убиствата на Вања и на Панче беше Митре Лазаров, чичко на Зорица, мајката на Вања.Ми се јави Зорица ми кажа дека Вања ја нема. Ми кажа дека телефонот покажува дека е во близина на Силбо. Јас тука живеам, веднаш излегов со велосипедот. Дојде и полицаец заедно со Александар. Ако е убиена Вања ќе се убијам и јас, ми рече таткото на Вања. Ми беше сомнителен. Му реков „земи утепај се ти“, рече Лазаров.