Директорот на КБЦ Загреб, Анте Ќорушиќ загина: Неофицијално, паднал од пожарникарски скали

Директорот на Клиничкиот болнички центар (КБЦ) Загреб, Анте Ќорушиќ, починал денеска на работното место, неофицијално, по пад од пожарникарски скали објави хрватски „Индекс“.

„Можам да ви потврдам, човекот е мртов. Страшно“,кратко изјавил заменик-директорот на КБЦ, Миливој Новак.

Според неофицијални информации, Ќорушиќ паднал во кругот на болницата и починал.

Ќорушиќ од ХДЗ беше долгогодишен шеф на најголемата хрватска болница, КБЦ Загреб, потсетува „Индекс“.

Полицијата пристигнала во болница и во тек е истрага за околностите на смртта.

Според неофицијални информации, Ќорушиќ паднал од пожарникарските скали, од височина меѓу седум и осум метри, а претходно наводно рекол дека ќе оди да купи цигари. Продавницата се наоѓа на приземјето од истата зграда.

Тој удрил со главата и починал на самото место.

Како што се дознава, неговите колеги се обиделе да го реанимираат, но не успеале, пишува „Индекс“.

Back to top button
Close