Случајот „Алта банка“ утре на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија


Во собраниската Комисија за финансирање и буџет утре ќе се одржи надзорната расправа во врска со последните случувања во Алта банка АД Битола, која минатата недела беше иницирана од опозицискиот СДСМ.

Почетокот на расправата е закажан за 10 часот, а темата ќе биде „Причини за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“.

Инаку, во првичното барање за надзорната расправа што СДСМ го поднесе до претседателката на матичната собраниска комисија Сања Лукаревска, беше наведена и формулацијата „за измамата на граѓаните“, на која се спротивставија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и побараа таа да биде тргната од насловот.

Матичната собраниска комисија ќе отвори надзорна расправа за Алта банка без формулацијата „за измамата на граѓаните“ предложена од СДСМ
Од собраниската Комисија за финансирање и буџет ги поканија сите овластени претставници на Владата и на органите на државата управа, како и други лица кои ќе дадат информации за прашањето што е предмет на надзорната расправа, да присуствуваат на утрешната седница.

СДСМ бара надзорна расправа во Собранието за случувањата со Алта банка

Back to top button
Close