Поранешен извршен директор на Abercrombie & Fitch задржан поради трговија со луѓе за сексуална злоупотреба

Поранешниот извршен директор на Abercrombie & Fitch, познат моден бренд, и неговиот британски партнер се уапсени денеска во Њујорк врз основа на  обвиненија за трговија со луѓе за сексуална злупотреба, јави денеска Би-Би-Си.

Уапсени се  Мајк Џефрис и неговиот партнер Матеј Смит, како и нивниот наводен посредник.

Федералното биро за истраги (ФБИ) се очекува да објави повеќе детали на прес-конференција подоцна денеска. Адвокатите на Џефрис и Смит претходно негираа каква било неправилност од страна на двајцата мажи, јави сервисот.

ФБИ отвори истрага по повод овој случај лани, откако Би-Би-Си излезе со извештај по тврдењата дека Џефрис и неговиот партнер сексуално експлоатирале и злоупотребувале мажи на настани што ги организирале во нивните резиденции во Њујорк и хотели низ целиот свет.
Истражувањето на Би-Би-Си откри дека постоела добро организирана операција со посредник и мрежа на регрутери задолжени за регрутирање мажи за настаните.

Во поднесената граѓанска тужба во Њујорк  двајцата се обвинети за трговија со луѓе за сексуална експлоатација, силување и сексуален напад.
Тужбата исто така обвинува Abercrombie & Fitch дека финансирал операција за трговија со луѓе за сексуална експлоатација предводена од поранешниот извршен директор во текот на две децении додека тој бил на чело на компанијата. Според законот на САД, трговија со луѓе за сексуална експлоатација вклучува транспорт на возрасни да патуваат во друга држава или земја за сексуални услуги за пари, користеќи сила, измама или принуда.

Back to top button
Close