Лисица во потрага по храна сред Сараево
Во населбата Долац Малта во Сараево, БиХ, граѓаните синоќа забележале и снимиле лисица како буричка по контејнерот, најверојатно – барајќи храна.
Животното најверојатно дошло во градот во потрага по храна, бидејќи овa „осаменo животнo“ понекогаш доаѓа каде што има луѓе, кога мy недостасува храна. Иако првично се хранат со мали глодари, лисиците всушност јадат сè, па и остатоци од човекова храна.
Доаѓањето на диви животни во градската средина не е толку вообичаена појава. Не е познато ниту како оваа лисица залутала во населено место, што ги вознемири околните жители