Додека го чистел пиштолот си пукл во рака –  Полицаец од Пробиштип се повредил на работа

Вчера околу 21:30 часот полициски службеник се повредил при ракување со својот службен пиштол додека бил на работното место во полициската станица во Пробиштип.

Според податоците од Министерството за внатрешни работи, полицискиот службеник испукал еден куршум додека го чистел оружјето, при што се здобил со повреда во пределот на левата дланка. По инцидентот, тој веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде што му била укажана лекарска помош

Back to top button
Close