Муртезани: Македонија и Косово со заедничка меѓувладина седница, следниот месец
Владата на Македонија ќе ја одржи првата заедничка меѓувладина седница со Владата на Косово, на 18 ноември годинава во Приштина. Ова го соопшти министерот за европски прашања Орхан Муртезани во интервју за весникот ЛАЈМ.
На 18 ноември, Владата на Македонија на чело со премиерот Христијан Мицкоски ќе престојува во Приштина на билатерална средба со Владата на Косово. Мислам дека со ова ќе паднат во вода сите тие обвинувања, особено од албанската опозиција која се плаши да го прифати фактот дека е во опозиција и тоа се обидуваат да го прикријат со продавање магла, дека Северна Македонија е ориентирана кон Србија. Еве конкретен чекор на новата влада, ќе одиме во Приштина пред да одиме во Белград“, изјави Муртезани.