АМСМ: Поради технички проблем од косовска страна, во прекин сообраќајот на ГП „Блаце

Сообраќајот на магистралниот пат Скопје – граничен премин „Блаце од утрово е вон функција и во моментов се пренасочува за да не создава метеж.

Според Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот се пренасочува само за товарни возила кон бензинската пумпа „Дизел“.

Причина за застојот, како што информира АМСМ, е технички проблем на терминалот од косовската страна на границата.

„Поради технички проблеми на терминалот од косовска страна, сообраќај на магистрален пат Скопје –ГП Блаце (БП Дизел) се пренасочува само за товарни возила“се наведува во информацијата.

И од видео-камерите на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), кои во реално време ја прикажуваат состојбата на граничните премини, може да се забележи дека во моментов нема движење на возила на ГП „Блаце“.

Засега нема известување до кога сообраќајот на граничниот премин ќе биде во прекин и кога повторно ќе се нормализира.

Back to top button
Close