27-годишен маж од тетовско почина откако се повредил при извршување градежни работи
На 02.11.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 16.30 часот, при извршување градежни работи на објект во изградба на подрачјето на Центар, со тешки телесни повреди се здобил Л.Ш.(27) од с.Ѓермо, тетовско.
Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде околу 18.30 часот починал