Скопје утринава е осми најзагаден град во светот
Скопје утринава е на осмото место по загаденост на амбиенталниот воздух во светот, со индекс на загадување од 162, според последните податоци на платформата „Ај-Кју-Ер“.
Како главен загадувач се наведени ПМ 2,5 честичките чија концентрација е 60,2 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честичките се со концентрација од 73,2 микрограми на кубен метар.
Концентрацијата на ПМ 2,5 во главниот град е 12 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација.
Најзагаден град во светот во моментов е Делхи во Индија ,по него на списокот се Лахор во Пакистан , а на третото место е главниот град на Египет – Каиро, од балканските градови најблиску до Скопје е Сараево кој се наоѓа две места подолу на листата на „Ај-Кју-Ер“.
Еко активистите алармираат дека се потребни итни мерки, поради сериозните последици врз здравјето на луѓето од аерозагадувањето