Кузеска: Oдбиени амандманите на СДСМ за поголеми плати

Денеска реагираме на ароганцијата и негрижата на ДПМНЕ за граѓаните и нивниот животен стандард.

Без аргументи и без било какво чувство за проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните соочени со големи поскапувања и раст на трошоците за живот ДПМНЕ ги одби амандманите на СДСМ за покачување на платите

Одбиени се амандманите за поголема плата за работниците, одбиен е амандманот за покачување на платите на полицајците за 20%, на пожарникарите, на платите во образованието.

Гледаме анти-социјални политики на Мицкоски и ДПМНЕ враќање на моделот во кој работниците ќе бидат само евтина работна сила. Се што е предлог за покачување на плати власта го одбива.

СДСМ поднесе предлог-закон за зголемување на минималната плата на 450 евра, но ВМРО-ДПМНЕ и тоа го одби.

Според податоците од Државниот завод за статистика, животниот стандард на граѓаните се влошува, сиромаштијата расте. Четиричлено семејство има потреба од 62.021 денари месечно за основни трошоци. Синдикалната кошничка е зголемена за 722 денари само за еден месец. Сето ова се индикатори дека народот има се помалку пари во џебовите.

Нашите работници, наставници, пожарникари, полицајци заслужуваат почит, достоинство и фер плати. Наместо поддршка за нив и нивните семејни буџети, владата на ВМРО-ДПМНЕ ги остава на маргините.

Додека ДПМНЕ одбива амандмани за поголеми плати во исто време ги зголемува парите во буџетот за мебел и луксузни возила за функционерите.

Власта граба пари за себе, средствата ги пренамени за луксузирања на функционерите и министрите. Народот нека страда.

За нови возила ќе се потрошат 7,5 милиони евра, за нов мебел 1,5 милиони евра, за договорни услуги 80 милиони евра.

Апсурдно. Купување луксузни автомобили, мебел и зголемување на договорни услуги за функционерите додека илјадници семејства се прашуваат како ќе го преживеат месецот?

Ова е буџет за власта, а не за народот. Нема инвестиции, нема развој, нема поддршка за граѓаните.

СДСМ ќе продолжи да се бори за достоинствен живот за сите граѓани. Ќе продолжиме да поднесуваме предлози и амандмани кои обезбедуваат повисоки плати, подобри услови за работа и поддршка за најранливите категории.

Нашите политики се јасни: минимална плата од 450 евра сега, повисоки плати за полицајците и пожарникарите и фокус на социјалната поддршка и развојот на економијата. ДПМНЕ и Мицкоски арогантно ги игнорираат овие потреби на граѓаните денес, но народот нема да ги заборави нивните одлуки утре.

За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ, заедно со градоначалничката којашто тие ја промовираа како најголема менаџерка.

Одговор на новинарско прашање:

Скопјани се жртви на нивната неспособност и меѓусебни пресметки.

Истот тој Мицкоски, кој ветуваше модерно Скопје и бесплатен јавен превоз со најголемата менаџерка го слушаме со нови најави за автобуси. Ова е такво поигрување со граѓаните, такво потценување на интелигенцијата на скопјани, што е невидено безобразно.

Видовме ветувањата на Мицкоски за автобуси и за бесплатен превоз како завршија, секој ден гледаат и граѓаните и студентите и учениците кои не можат автобус да начекаат. Скопје е во тотален хаос и нефункционалност, воопшто нема автобуси. Колабиран е јавниот превоз, многу е лоша состојбата во ЈСП.

Тоа учинкот на Мицкоски во Скопје и неговите ветувања на изборите кои скопјани многу добри ги паметат.

Наместо нови лаги со честичката „ќе“ Мицкоски да ја преземе одговорноста, да им се извини на граѓаните и конечно да почне нешто да работи за Скопје и за скопјани.

Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ

Back to top button
Close