ВМРО-ДПМНЕ: Поради бизнис интересите на СДСМ и ДУИ, граѓаните плаќаат поскапа струја

Оттаму нагласуваат дека поскапата струја што ја плаќаат граѓаните, како и финансиските проблеми на некогаш најпрофитабилното македонско претпријатие ЕСМ, е последица на „седумгодишното криминално и недомаќинско работење на кадрите на СДС и ДУИ“

СДСМ и ДУИ за свои лукративни интереси, го девалвираа и уништија енергетскиот сектор. Поради нивните бизнис интереси со цел големи профити, направија граѓаните да плаќаат поскапа електрична енергија, обвинија денеска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму нагласуваат дека поскапата струја што ја плаќаат граѓаните, како и финансиските проблеми на некогаш најпрофитабилното македонско претпријатие ЕСМ, е последица на „седумгодишното криминално и недомаќинско работење на кадрите на СДС и ДУИ“.

„Дека тоа е така може да се споредат сумите во различни периоди. На пример, во 2017 година кога со ЕСМ раководеше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски просечната цена за еден мегават час електрична енергија беше 33 евра, а сега истата изнесува 133 евра за мегават-час. Освен ова, во периодот кога премиерот Мицкоски управувал со ЕСМ, производната цена за електрична енергија се намалила за 25 отсто во однос на претходната. Ова само покажува одговорно и домаќинско работење, што не е случај со изминатото седумгодишно раководство кое мислело на само на свои бизнис и лукративни интереси“,соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија посочуваат дека една од причините за енормниот раст на цената на струјата е неископувањето на јаглен и скапиот увоз на истиот.

„И тоа најверојатно се направило за да се им овозможи на одредени компании блиски до СДС и ДУИ, да увезуваат јаглен и со тоа да остварат големи профити. Бизнис интересот и лакомоста за големи профити на СДС и ДУИ ги плаќаме сите ние, преку поскапа цена на струјата. Можеби ќе треба време за да се намали цената на струјата, но преку посветено, одговорно и домаќинско работење на новото раководство на ЕСМ тоа ќе се постигне. Набрзо од денес енергетскиот систем во Македонија ќе биде целосно консолидиран и вратен во нормална состојба, што ќе доведе и до пониски цени на електричната енергија“велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Back to top button
Close