Почина екс градоначалник од редовите на СДСМ

Почина поранешниот градоначалник на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Веста ја сподели Оливер Спасовски од СДСМ.

Со длабока тага и неверување ја примив веста за смртта на нашиот другар и сопартиец Борјанчо Мицевски.Како градоначалник на Крива Паланка, Борјанчо остави неизбришлив траг во развојот на Крива Паланка, посветувајќи се на унапредување и развивањето на Крива Паланка во вистински европски град.Во овие тешки моменти, изразувам искрено сочувство до неговото семејство и сите блиски.Нека почива во мир

Back to top button
Close