Гутереш: Недостаток на контрола врз социјалните мрежи и вештачката интелигенција – мегафон за најлошите импулси на човештвото

Недостатокот на контрола врз социјалните мрежи и вештачката интелигенција е „мегафон за најлошите импулси на човештвото“, изјави денеска генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш.

„Дигиталните платформи и непроверената вештачка интелигенција му дадоа на говорот на омраза невидена брзина и опсег. На најлошите импулси на човештвото им е даден мегафон и често водат до насилство“, рече тој на отворањето на 10-тиот Глобален форум на Алијансата на цивилизациите на ОН во Лисабон.

„Мораме да го спречиме ширењето на интернет на говор на омраза и дезинформации“, рече Гутереш, додавајќи дека тоа е „стара тактика со нов медиум“.

 

Според него, со ширењето на „deepfake“ содржини, „невозможното и непровереното веднаш стануваат веродостојни“.

На форумот Гутереш ги повтори своите апели за мир во Украина, Газа, Либан и Судан.

Мисијата на Алијансата на цивилизациите е да промовира дијалог и соработка меѓу заедниците, културите и религиите, пренесува Бета-Франс прес.

Неколку политички и верски лидери се собраа на 10-тиот форум во Лисабон

Back to top button
Close