За израелска независна комисија Нетанјаху е директно одговорен за пропустите при нападот на Хамас врз Израел

Независната цивилна комисија за истрага на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година утврди дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е директно одговорен за пропустите што доведоа до него, заедно со поранешниот министер за одбрана , шефот на армијата и шефот на безбедносните служби.

Комисијата денеска ги презентираше своите наоди по четиримесечна истрага во која беа сослушани околу 120 сведоци. Основана е од роднините на жртвите од нападите на Хамас бидејќи немало државна истрага.

Комисијата заклучи дека Владата на Израел, израелската армија и безбедносните служби „не успеале во нивната примарна мисија да ги заштитат граѓаните на Израел“.

Таа, исто така, го смета Нетанјаху за одговорен за игнорирање на „повторените предупредувања“ пред 7 октомври 2023 година поради, како што рече, неговиот смирувачки однос кон Хамас, за поткопување на сите центри за одлучување, вклучително и кабинетот и Советот за национална безбедност, со што е спречена каква било сериозна дискусија за безбедноста.

Комисијата, исто така, утврди дека воените и одбранбените лидери се виновни што ги игнорирале предупредувањата во војската, за намаленото воено присуство долж границата со Појасот Газа, додека претерано се потпирале на технолошки средства.

На денот на нападот на Хамас, според извештајот, одговорот на војската бил бавен и го немаше.

Цивилната комисија повика на итно формирање на државна комисија која ќе го истражи нападот на 7 октомври. Нетанјаху се противи на ова, тврдејќи дека таква истрага треба да започне само откако војната ќе заврши.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close