Александар Димитријевиќ нов генерален секретар на СДСМ


Во овој момент во тек е Централниот одбор на СДСМ, на кој ќе бидат именувани новите потпретседатели на партијата, новиот генерален секретар, двајца организациони секретари и меѓународен секретар.

За „мотор“ на партијата односно генерален секретар е избран Александар Димитријевиќ од ОО Гази Баба.

Димитријевиќ е актуелен советник во Гази Баба, а претходно беше и потпретседател на младината на партијата.

За потпретседатели на партијата Централниот одбор ги избра поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, Менде Илиевски – член на Советот на општина Битола, професорката од Правниот факултет во Скопје Ана Чупеска и Кристина Костова – член на ЦО на СДСМ.

Избрани се и двајца организациски секретари – поранешниот пратеник од Куманово Мартин Костовски и Љупчо Фармаковски од општинската организација во Центар.

Во неделата СДСМ го одржа 30. Конгрес на кој Фани Каранфилова-Пановска беше избрана за заменик-претседателка на партијата.

Back to top button
Close