Голема акција на Балканот, разбиена мрежа на трговија со кокаин
18 лица се уапсени денеска на Балканот, кои се поврзани со повеќетонски пратки кокаин од Латинска Америка во ЕУ.
Долготрајната прекугранична истрага резултираше со разбивање на голема криминална мрежа. Акцијата се одвивала низ Хрватска, БИХ и Србија.
Трговците со кокаин кои биле целни лица на ова истражување користеле различни поморски патишта и методи на работа. Криминалната мрежа е поврзана со заплената на повеќе од половина тон кокаин со улична вредност од 50 милиони евра во пристаништето Плоче на југот на Хрватска на крајот на март 2021 година. Дрогата била скриена во модифицираното дно на товарниот контејнер (tv21)