СДСМ: Aлта банка и предвремени избори – ЗНАМ и Максо преку правосудниот испит му прават алиби на Мицкоски

Максим Димитриевски одамна нема ништо од Платформата 1.0 што му ја направи Мицкоски. Нема повеќе никаков кредибилитет. Последната задача на сателитотот е да му даде алиби на Мицкоски за предвремени избори, стои во соопштението на СДСМ
Правосудниот испит сега се турка како тема за наводен судир во коалицијата. Целта е да се создаде впечаток на тензија и да се отвори пат за предвремени избори.
Да не се признае дека е загрозена финансиската стабилност заради Алта банка и дека нема пари во буџетот.
Максо си го наплати предавството врз партијата и врз гласачите. Сега треба да ја изврши последната задача.
Ова е влада што ништо не направи во ниту еден сегмент. Катастрофална состојба во економијата. Дипломатија што води кон целосна изолација. Aлтa банка пред стечај, штедачите без пари, јавните претпријатија – загрозени.
Но пред обидот да му даде алиби на Мицкоски за избори, Максо мора да одговори зошто имал состанок со Вулин – директор на БИА, министер за одбрана и полиција, еден од осомничените за плантажата со марихуана во Србија (Јовањица) – околу Aлта банка.
Каква била улогата на Максим за српската БИА и за Алта банка?
Дали и Максо беше еден од лобистите за Вучиќевата пералница на пари од криминал и корупција?
Сега глуми заштитник на државата и на правосудството. Истиот човек што седеше на состанок со човек од БИА, околу банката што пере пари.
Истиот што сега преку темата – правосуден испит, треба да му отвори пат на Мицкоски за предвремени избори, во момент кога касата се празни и аферата Алта банка ја тресе државата и граѓаните.
Нема да има никакво алиби. Има прашања. И ќе има одговорност.
СДСМ






