ФОТО: Едина Муса и Александар Димитровски-Мачка направија свадба во познат скопски локал

Поранешните кошаркари Едина Муса и Александар Димитровски-Мачка направија свадба во еден познат скопски локал.

Невестата која е во поодмината бременост блесна во припиена венчаница која ѝ го оцртува стомакот, а младоженецот одбра класичен костим.

На веселбата присуствуваа и двете деца кои Димитровски ги има со поранешната сопруга, поп-ѕвездата Тамара Тодевска.

Од споделените видеа на социјалните мрежи може да се види дека меѓу специјалните гости на свадбата бил Дарко Гелев-Брејк кој на младите им посака долг и среќен живот со безвременската балада „Лебедот бел“.

Back to top button
Close