АХВ откри нерегистрирана училишна кујна и низа недостатоци во четири други кујни

Во вонредните инспекциски контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство во 36 училишни кујни во Скопје, откриени се низа неусогласености.

За една од нив, која не била регистрирана, е изречена прекршочна санкција, а издадена е и наредба итно да се изврши регистрација.

Фото: Телма

Во кујните на четири други училишта, пак, се забележани недостатоци, како што се неозначена и неселектирана храна, како и оштетени работни површини.

За овие недостатоци, АХВ издаде решенија со мерки за нивно отстранување.

Инспекциите продолжуваат и ќе се фокусираат на кујните во училиштата, како и во институции каде што се згрижуваат ранливи категории на граѓани, со цел да се подобрат хигиенските услови и стандардите на работа.

Back to top button
Close