ВИДЕО: И покрај обидите за бојкот, Каролина одржа спектакуларен концерт во Дизелдорф 

Непосредно пред одржувањето на синоќешниот концерт во Дизелдорф, македонската пејачка Каролина Гочева дознала дека во текот на неколку месеци упатувани апели за бојкот на нејзиниот концерт.

И покрај таквите обиди таа одржа спектакуларен концерт пред илјадници Македонци кои живеат во Германија.

Во видеото кое го објави Makedonier in Deutschland-Македонци во Германија, Гочева ги сподели импресиите од престојот и упати порака до присутните.
„Ова се случувало во тек на неколку месеци, откако објавивме датуми за концертите низ Германија, но јас дознав пред неколку дена – добро ме чувале нашите организатори.

Вечерашниот концерт бил постојано бојкотиран, се испраќале апели да не се присуствува вечерва.“
Каролина потенцираше дека бојкото доаѓал од македонско друштво од Дизелдорф.-Затоа сакам да ве замолам нешто. Доколку сте утре овде и сте слободни, или ако не сте, ве молам пробајте да се ослободите и не го пропуштајте утрешниот настан, кој го организира македонското здружение, каде настапуваат моите драги колеги Зуица и Наум.

И во иднина, не пропуштајте ниеден настан организиран од Македонците за Македонците, без разлика за која сфера станува збор“.

 

 

Back to top button
Close