(ВИДЕО) Бурна ноќ во Грузија: Уапсен лидерот на опозицијата, хоспирализирани се демонстранти и полицајци
Веќе четврта ноќ по ред во главниот град на Грузија се одржуваат протести против одлуката на владата да ги прекине преговорите за пристапување во Европската унија. Како што соопштија официјални лица, 44 лица се хоспитализирани.
Лидерот на грузиската опозиција Зураб Јапариџе од Коалицијата за промени е уапсен утрово, а локалните медиуми објавија видео на кое се гледа како Јапариџе го вовлекуваат во полициско возило без ознака.
Партиските лидери се обидуваат да утврдат каде го однела полицијата, пренесува порталот „Грузија денес“.
Министерството за внатрешни работи на Грузија вчера соопшти дека ноќта меѓу саботата и неделата се хоспитализирани 27 демонстранти, како и 16 полицајци и еден медиумски работник.
Десетици илјадници демонстранти се собраа пред парламентот и во неделата вечерта, фрлајќи камења и палејќи факели, додека полицијата употреби водени топови и солзавец.
BREAKING: Early this morning, the police detained one of the Coalition 4 Change leaders, leader of Girchi-More Freedom party Zurab Girchi Japaridze.
This happened on Tamarashvili Avenue, an entire residential district away from the protests.
Japaridze was fleeing together with… pic.twitter.com/ZjRyfmtDlN— Coalition 4 Change 🇬🇪🇪🇺 (@CoalitionGEO) December 2, 2024
По четири часа полицијата успеала да го расчисти просторот околу зградата на парламентот на авенијата Руставели.
Пред парламентот беше запален ликот на основачот на владејачката партија Грузиски сон, Бидзина Иванишвили, милијардер во сенка, кој се збогати во Русија.
На протестите приведени се 224 лица за ситно хулиганство, отпор и непослушност кон полицијата, соопшти Министерството за внатрешни работи на Грузија.
Премиерот Иракли Кобахиџе предупреди дека „секое прекршување на законот ќе биде строго санкционирано“.
„Дури и оние политичари кои се кријат во нивните канцеларии и ги жртвуваат членовите на нивните насилни групи нема да ја избегнат одговорноста“, рече тој на брифингот во неделата.
Тој повтори дека не е точно оти е стопирана европската интеграција на Грузија.
„Единственото нешто што го отфрливме беше срамната и навредлива уцена, која, всушност, беше значајна пречка за евроинтеграциите на нашата земја. Соопштението на владата дојде неколку часа откако Европскиот парламент усвои резолуција во која се критикуваат општите избори минатиот месец во Грузија како неслободна и нечесна“, рече тој.
Кобахиџе, исто така, потврди дека грузискиот амбасадор во САД, Дејвид Залкалијани, стана последниот од многуте дипломати кои поднесоа оставка од почетокот на протестите.