Милошoски како претседател на комисијата за надворешна политика не ги повикувал избраните амбасадори да ги претстават нивните тези. Го правел ли тоа со намера за опструкција?

Комисијата за надворешна политика, со која во претходниот собраниски мандат претседаваше Антонијо Милошоски беше одговорна за излагањата на амбасадорите. Антонијо Милошоски како претседавач не ги одржувал седниците или ги прекинувал седниците без да ги заврши.

Со ова Антонио Милошоски не си ја вршел работата во рамки на мандатот и сега предизвикува дејствија со кои државата ќе претрпи дипломатски срам. Комисијата во меѓувреме се состанувала и одржувала работни седници за други прашања поврзани со надворешната политика но никогаш не ги повикала избраните Амбасадори да го завршат претставувањето на нивните тези.

Претставувањето на Амбасадорите не е составен дел од процедурата за заминување, која има рок од 2 месеци.

Со денешното автентично толкување, со кое потенцијално се испразнуваат уште 9 амбасадорски позиции, а кое пред месец дена во медиумите го најави токму Антонијо Милошоски, се отвара прашањата дали ретседателот на Комисијата за надворешна политика со намера за опструкција не ги одржувал седниците и со тоа извршил злоупотреба на службената должност.

Back to top button
Close