ИТНО ПРЕКИНАТА ПРОГРАМА ВО ЖИВО Братучедка на Путин случајно откри воена тајна!
Ана Цивилева, роднина на рускиот претседател Владимир Путин и заменик министерка за одбрана во Државната дума, случајно го откри приближниот број на исчезнати руски војници во војната со Украина. Имено, како што изјави Цивилева, руските власти примиле 48.000 барања за ДНК тест во потрагата по исчезнатите руски војници.
Состанокот, на кој беа вклучени воени ветерани, се пренесуваше во живо се додека Цивилева не го откри бројот на барања за ДНК-тестирање. Преносот веднаш бил прекинат, но луѓето успеале да го снимат нејзиниот говор.
Според NEXTA, претседателот на Комитетот за одбрана на Државната дума, Андреј Картаполов, побарал „овие бројки да не се спомнуваат никаде“, а оваа информација да биде отстранета од официјалните документи.
Братучетката на Путин случајно откри тајни информации
Како што објавија проруските воени новинари, вооружените сили на Руската Федерација често одбиваат да ги преместат телата на нивните војници убиени во акција. Според вчерашните зборови на началникот на Главниот штаб на украинската армија, бројот на загубите што Русија ги претрпе од почетокот на војната надмина 745 илјади војници.