“Ги поздравувам владините изјави за реформи во правосудството, но ова нема никаква врска со тоа” изјави амбасадорката Агелер по проширувањето на „црната листа

Вчерашната објава беше дел од поголема иницијатива во рамки на меѓународниот ден Меѓународниот ден за борба против корупцијата – 9 Декември. Не сме го планирале или пак сме имале контрола, на тоа што Вашингтон прави во насока на процесирање на различни случаи. Додека, лично, силно ги поздравувам владините изјави за реформи во правосудството, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конферецијата за вчерашното проширување на „црната листа“ на Стејт департментот на САД со имињата на Артан Груби и Енвер Беџети.

Прашана дали проширувањето на „црната листа“, со оглед дека доаѓа во исто време со владините изјави за реформи во правосудството, е некој вид на поддршка, Агелер рече „апсолутно не, бидејќи сите нови именувања се водат од Вашингтон“.

– Не сме го планирале на каков било начин или пак сме имале контрола, на тоа што Вашингтон прави во насока на процесирање на различни случаи. Додека, лично, силно ги поздравувам владините изјави за реформи во правосудството. Ова нема никаква врска со тоа. Многу од останатите наши акции се во насока на поддршка на потребните реформи, секој ден од годината и ќе продолжиме да го правиме тоа, изјави Агелер.

Проширувањето на „црната листа“ на американскиот Стејт департмент што беше објавено вчера, според Агелер, содржи и имиња од други земји.

– Овој тајминг мислам дека беше многу корисен што се случи вчера, на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, но, тоа не беше поттикнато од никакви политички разгледувања во оваа земја. Ќе забележите, има и имиња од други земји кои исто така се вклучени, така што нивниот тајминг и нивните политички околности, исто така, не се поврзани, нагласи Агелер.

Back to top button
Close