Дали на вашето куче му е навистина потребна облека во текот на зимата?
Ј.П. Лајка објави информативен текст, корисен за сите сопственици на кучиња:
Кога температурите паѓаат, сопствениците на кучиња често се прашуваат дали на нивните кучиња им е потребна зимска гардероба, како би им било пријатно и топло во текот на зимските денови. Не е потребна гардероба за сите раси на кучиња, а понекогаш всушност додатниот слој на топлина може да предизвика повеќе штета отколку корист. Меѓутоа, под вистински околности, повеќето кучиња може да имаат корист од додатен слој на заштита од временски непогоди. Во продолжение дознајте кога е безбедно и неопходно да му облечете зимска гардероба на кучето.
Зошто луѓето купуваат гардероба за кучиња?
Понекогаш потребата да му облечете капутче на кучето е чисто емотивна. Шетањето на вашиот миленик на ниски температури може да биде емоционално вознемирувачки заради вашата грижа за здравјето на миленикот. Бидејќи на повеќето кучиња им е потребно да поминуваат време на отворено, не е изненадување тоа што сопствениците на кучиња размислуваат како да ги стоплат, како не би се разболеле или не би им било ладно.
Во други случаи, сопсвеничката одлука може да биде водена од модата. Истражувањата покажуваат дека трендот да се купува гардероба за кучиња е во постојан пораст, т.е дека сопствениците на кучиња трошат големи количини на пари на капутчиња, градници, поводници, ланчиња и разни други додатоци за кучиња. Како што помладите генерации стекнуваат сопственост на домашните миленици, индустријата за домашни миленици се насочува кон „хумансистички пристап“, што ги поттикна брендовите да понудат дизајнерски производи за домашните миленици, вклучувајќи поголем избор на гардероба за кучиња.
Дали кучињата треба да облечат зимски капут?
Многу фактори земаме предвид кога размислуваме дали треба да облечеме зимски капут на нашето куче. Важно е да го земете во предвид ладниот ветар, можноста вашето куче да се намокри и колку е сончево времето пред да ги изнесеме кучињата на прошетка. Кога се колебате, играјте на сигурно. Капутот секогаш можете да го соблечете ако ви се чини премногу топло. Секој пат кога сте надвор на студено време и гледате дека вашето куче се тресе, бара топлина, успорува или на био кој начин се однесува вознемирено, време е да ја завршите прошетката на отворено и да влезете внатре.
Исто така треба да се земе предвид и возраста на кучето, здравствената состојба и навикнувањето на ниски температури. Постарите, многу младите и болните кучиња можат да имаат проблем да ја задржат топлината дури и при благи зимски услови, додека здравите кучиња кои се навикнале на студеното време, можат да бидат прилично среќни и разиграни.
На кои раси на кучиња им е потребна гардероба?
Малите кучиња имаат релативно поголема површина низ која губат топлина отколку големите кучиња, така што генералниот заклучок би бил дека облеката за мали кучиња е попријатна отколку за големите. Неколку раси кои се вклопуваат во оваа група се – чивави, теријери и пинчери. Телесната маса помага во задржување на топлината, така што слабите кучиња, како хртот на пример, често ќе го ценат капутот повеќе од кучињата со прекумерна тежина. Кучињата со многу тенко крзно можат прилично лесно да ја изгубат топлината, така што обично се добри кандидати за зимски капут.
Од друга страна, големите кучиња со долго и густо влакно, кои имаат сопствена густо дупло влакно, ретко имаат потреба од додатна облека. Во суштина, тежината на капутот може да ги смали природнатите изолациони својства на кучешкото крзно. Темното крзо исто така апсорбира повеќе топлина од сонцето за разлика од светлото крзно. Физичката активност генерира многу топлина, така што на секое куче ќе му биде потопло кога трча наоколу отколку кога седи мирно.
Следните раси на кучиња ретко (или никогаш) треба да носат зимски капут поради својата големина или густо крзно:
• Хаска
• Њуфаундлер
• Пoмеранец
• Хаваски бишон
• Бернско планинско куче
• Брадест коли
• Пиринејско планинско куче
Доколку се двоумите дали му е потребна гардероба на вашето куче, најдобро е да се советувате со матичниот ветеринар.
Како да одберете гардероба за кучиња?
Кога ќе утврдите дека вашето куче може да носи зимска гардероба и добиете одобрение од ветеринар, ќе мора да одлучите кој тип на капут му е потребен на вашето куче. Прво размислете за видот на материјалот од кој е направен капутот. Прашајте го ветеринарот за препорака во врска со материјалите кои се компатибилни со крзното на вашето куче.
Бидете внимателни бидејќи некои ткаенини можат да предизвикаат алерска реакција кај кучињата. Исто така разлислете за мерење на вашето куче пред купувањето на зимскиот капут, бидејќи величината зависи од големината на вашето куче, како би биле сигурни дека гардеробата не е премногу стегната, долга, или на било кој начин го попречува вашето куче да се движи нормално.