42 годишниот скопјанец Д.Ј. за влакно спаси жива глава откако било пукано кон него
Полицијата извести дека вчера во СВР Скопје, Д.Ј.(42) од с.Мирковци, скопско, пријавил дека пред неговата куќа во селото дошол М.Е. со уште едно лице и поради нерасчистени должничко – доверителски односи, од огнено оружје испукал еден куршум кон него, но не го повредил.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а од местото била подигната една чаура за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава