(ВИДЕО) СДСМ: На кого му смета гласот на средношколците?
Таа вели „жално е што сегашната Влада реши да ги повлече пакетот закони од областа на образование кои веќе беа влезени во собраниска процедура на почетокот на 2024 година, го поминаа првиот филтер на комисијата на, на кој се донесе и заклучок за организирање на јавна расправа. Образложението за повлекување на законите од процедура, министерката Јаневска го образложи со тоа дека го подобриле текстот на Законите. Но, она што го добивме како текст на законите е уназадување на предлог решенијата, одземање на правото на глас на средношколците, озаконување на дискриминацијата, враќање назад на процесот на инклузија во образованието, вклучително и на децата со попреченост“
„Комисијата за образование, наука и спорт, како и министерката Јаневска, не покажаа демократски капацитет и не го прифатија нашиот предлог за јавна расправа по сите Закони кои беа ставени на дневен ред, односно 6 од кои 5 се сосема нови. Со тоа ја исклучија јавноста и стручната фела да ги искажат своите мислења и аргументи. Токму затоа сосема очекувана беше реакцијата од стручната фела како што е Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Институтот по педагогија при УКИМ и граѓанските организации кои се занимаваат со оваа проблематика“ вели Николова.
Таа праша – „На кого му смета гласот на средношколците?“.