Директорот на гимназијата „Јован Јовановиќ Змај“ по четири часа престана да клечи – Разговара само со професорите и свештеникот
Директорот на новосадската гимназија „Јован Јовановиќ Змај“ во Нови Сад, кој утринава од околу 7:15 часот клечеше, прво покрај клупата во училишниот двор, а потоа и на скалите пред неговиот влез, стана околу 11:10 часот, пренесува Н1.
Цели четири часа тој ги помина клекнат, со кратка пауза кога во училишниот двор влегол непознат маж, но учениците не му дозволиле.
За тоа време не разговарал ни со учениците, туку само со професорите од гимназијата и со свештеникот на СПЦ, кои во меѓувреме пристигнаал.
Учениците од новосадската гимназија „Јован Јовановиќ Змај“ утрово започнаа блокада на училиштето, протестирајќи против директорот Радивоје П. Стојковиќ. Тие бараат јавно извинување од него и повлекување на извинувањето што му го упати на српскиот премиер Милош Вучевиќ по инцидентот со протестот на учениците. Инцидентот се случи по излегувањето на учениците, меѓу кои и синот на Вучевиќ, од гимназијата во знак на почит за жртвите од трагедијата во Нови Сад.
Директорот, кој наводно предизвикал голема непријатност со своето извинување, сега се наоѓа блокиран од учениците, кои го спречуваат да влезе во училиштето. Во видеото од протестот се гледа дека директорот клекнува пред вратата на училиштето, изгледајќи како да се моли.
Средношколците бараат директорот да се извини на нив и на професорите, како и да дозволи редовно излегување на учениците секој петок по 15 минути за да се оддаде почит на настраданите, без последици.(Racin.mk)