Поранешниот сопруг на Жизел Пелико прогласен за виновен по сите обвиненија

Судски совет од пет судии го осуди Доминик Пелико (63) за тешко силување на неговата сопруга Жизел Пелико, фотографирање и дистрибуирање на фотографиите. Во момент на изрекувањето на пресудата во судницата беше и Жизел заедно со своите деца.

Тој, исто така, беше прогласен за виновен за обид за тешко силување на сопругата на еден од кообвинетите, Жан Пјер Марешал, Сили, и фотографирање на неговата ќерка Каролин и неговите снаи Аурора и Селин. Се уште не е одредена казна.

Жан-Пјер Марешал е вториот човек кој доби пресуда. Тој беше прогласен за виновен за обид за силување и тешко силување на неговата сопруга, како и за дилање дрога.

Шеесет и тригодишникот претходно признал дека го следел примерот на Доминик Пелико, пет години ја дрогирал сопствената сопруга, ја силувал и го повикал Доминик да ја силува и неа.

Пред пресудата, обвинетите лица заедно со Доминик Пелико добија можност да дадат завршни зборови во понеделникот. Околу половина од нив едноставно рекоа „нема што да се додаде“.

15 од нив, сепак, побарале прошка од Жизел Пелико.

На вкупно 51 маж им се суди во Авињон, обвинети за силување и напад заедно со Доминик Пелико. Тие се на возраст од 26 до 74 години, некои имаат деца, а некои се осудени за други кривични дела. Меѓу нив се медицински работник, новинар, затворски управник, советник, војник, возачи на камиони и работници на фарма.

Пелико, кој веќе ги призна злосторствата, беше прогласен за виновен од судот во јужниот град Авињон по повеќе од три месеци судење што ја шокираше Франција и ја претвори неговата поранешна сопруга Жизел Пелико во феминистички херој. Тој се соочува со максимална казна од 20 години затвор кога судијата подоцна ќе ја објави пресудата.

Back to top button
Close