Ден на жалост во Хрватска

Во Хрватска денеска е Ден на жалост по монструозниот напад врз ученици и вработени во основно училиште во Загреб, во кој загина едно дете, а три други беа повредени, заедно со наставничката (62) која храбро го нападнала 19-годишниот напаѓач и го спречила пострашно кривично дело.

Ден на жалост означува – задолжително истакнување на знамето на Република Хрватска на половина копје на сите објекти во кои се сместени органите на државната управа и единиците на локалната и регионалната самоуправа, како и зградите во кои правните лица имаат нивното седиште или ги извршуваат своите активности или во кои физички лица ја вршат својата самостојна дејност.

 

На Денот на жалост не може да се одржуваат забавни настани, а правните лица кои вршат телевизиски и радио активности мораат да ги приспособат своите програми на одбележувањето на Денот на жалост.

Поради трагичниот настан синоќа граѓаните се собраа на училишното игралиште во ОУ Пречко, запалија свеќи, оставија и пораки. Граѓаните запалија свеќи и пред блискиот Здравствен дом, а во црква се одржа молитвено бдение за убиеното дете и сите повредени.

За полицијата се уште не се познати мотивите на напаѓачот, ќе биде сослушан откако ќе закрепне, јавија хрватскиоте медиуми. По нападот тој побегнал во блискиот здравствен дом и се обидел да се самоубие, но полицијата го спречила во тоа.

Познато е дека насилникот одел во основното училиште каде го извршил нападот и дека се лекувал од психички проблеми. Неговата мајка сведочеше дека сите во семејството се плашеле од него и ги молела лекарите да не го пуштаат од болница, но тие не ја послушале.

Back to top button
Close