Горан Минчев го честиташе Денот на наставата на турски јазик
Министерот за јавна администрација Горан Минчев упати честитка по повод 21 декември – Денот на наставата на турски јазик:
Почитувани,
Денес, на 21 декември – Денот на наставата на турски јазик, го славиме богатството на нашата заедничка мултикултурна традиција и значењето на мајчиниот јазик во образованието и зачувувањето на идентитетот.
Турскиот јазик е нераскинлив дел од нашето општество и културното наследство на Република Македонија. Негувањето и промовирањето на наставата на турски јазик не само што ги зајакнува образовните процеси, туку придонесува и за поголемо разбирање и почитување меѓу сите заедници во нашата земја.
На сите наставници, ученици и нивните семејства им го честитам овој значаен ден, со желби за успех, инспирација и напредок!
Среќен 21 декември – Денот на наставата на турски јазик!