Арктичките лисици спасени од истребување
Во минатото, арктичките лисици биле толку често ловени Шведска, Норвешка и Финска што дошле блиску до истребување. За среќа, трите држави организираа проект кои го спречи истребувањето.
Норвешкиот институт за истражување на природата одгледува арктички лисици од 2005. Норвешката влада го финансира проектот кој е јадрото за напорите да се спасат овие животни. Иницијативата ја опфаќа цела Феноскандија односно полуостровот кој ги зафаќа Финска, Норвешка, Шведска и дел од Русија. Во 2024 година, после години труд, се родија 34 лисици. Откако ќе станат способни да живеат сами, научниците ќе ги пуштат назад во природата.
Благодарение на овој проект, последниве 18 години низ Норвешка биле одгледани и потоа пуштени во природа дури 465 арктички лисици.
Бидејќи се способни да живеат на температури и под -40 Целзиусови степени, арктичките лисици живееле во Русија, Гренланд, Канада, Шведска, Норвешка, Финска, Исланд и арктичките острови. (СДК)