Реџеп Мемеди: На Клиниката за детски болести во секој момент има двајца специјалисти

„Клиниката за детски болести 24 часа има специјалсти. За жал, починатото дете кое е згрижено, од првот ден го добивало комплетниот третман – професионален, медицински – но, за жал, тоа е општо познато дека не секогаш успеваме да ги спасиме животите на сите деца“, изјави тој, одговарајќи на новинарски прашања во врска со смртта на седуммесечното бебе

На Клиниката за детски болести во секој момент има двајца лекари специјалисти, изјави денеска директорот на оваа здравствена установа, Реџеп Мемеди. Специјалисти имало и од негова страна било прегледано седуммесечното бебе кое минатата недела почина на Клиниката, каде беше хоспитализирано, откако при првичниот преглед било вратено.

Ваквите тврдења на Мемеди се во спротивност со извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) кој при вонредниот надзор во врска со случајот констатира дека на Детската клиника сè уште не е решен проблемот со задолжително присуство на специјалист во дежурната амбуланта, за што се води прекршочна постапка.

Дополнително, Инспекторатот утврди дека медицинската документација во оваа здравствена установа се креира од доктори што не се присутни на работа, за што ДСЗИ издаде решение чии рокови течат.

Инаку, по извршениот вонреден инспекциски надзор од ДСЗИ дадоа предлог до Министерството за здравство да покрене постапка за стручен надзор над лекувањето на починатото седуммесечно бебе.  (360 степени)

Повеќе…

 

Back to top button
Close