Сиљановска Давкова : Време е за храбар чекор кон ЕУ,беседеше цели 70 минути председателката

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во годишното обраќање пред Собранието упати повик за храбар чекор кон Европската Унија, истакнувајќи дека целосната интеграција на Балканот во ЕУ ќе значи крај на прекројувањето на границите и ќе ја гарантира стабилноста во регионот.

„Балканот е природен дел од Европа: географски, историски и културно. Европската идеја е политичка филозофија што ја поддржуваат граѓаните и политичките актери во регионот. Членството во ЕУ ќе поттикне демократски промени и ќе го спречи влијанието на националистите,“ изјави претседателката.

 

 

Сиљановска Давкова нагласи дека Западниот Балкан не претставува пречка за апсорбциониот капацитет на ЕУ и ја потенцираше потребата од солидарност со регионот, особено по падот на авторитарните режими.

 

Таа исто така ги посочи придобивките од проширувањето на ЕУ:

„Профитната логика на западните економии бара поголем пазар и работна сила. Стабилноста на континентот зависи од Истокот, а Балканот отсекогаш бил геополитички клучен.“

Претседателката укажа дека проширувањето не треба да се води само од формални услови, туку од принципот на „единство на различности“, кој е темел на европската интеграција.

„Без регионот, европската интеграција останува недовршена,“ истакна таа, додавајќи дека недостигот на стратегија за Западен Балкан се заменува со реформски планови и конкретни мерки.

Во обраќањето, Сиљановска Давкова ја нагласи важноста на фокусирањето кон иднината, а не кон историјата, повикувајќи на целосно исполнување на стратешките цели.

„Ако зборуваме за Pacta sunt servanda, да напоменам дека Договорот за добрососедство не споменува уставни измени,“ заклучи претседателката.

Со оваа порака, претседателката упати апел за единство и посветеност во европскиот пат на земјата и регионот

Back to top button
Close