Апелациониот суд во Ниш го укина решението со кое се потврдува обвинението за смртта на Данка Илиќ

Советот на Апелациониот суд во Ниш вчера донесе решение со кое ја укинува одлуката на Вишиот суд во Зајечар со која се потврдува обвинението против Дејан Драгијевиќ, Срѓан Јанковиќ и Радослав Драгијевиќ за смртта на девојчето Данка Илиќ. Апелациониот суд повторно го испрати обвинителниот акт до првостепениот суд во Зајечар на повторно одлучување.

Како што е наведено во одлуката на Апелациониот суд, на 26 декември е примен предметот на Вишиот суд во Зајечар во врска со жалбите на решението со кое се потврдува обвинението.

Во образложението на својата одлука, судскиот совет на Апелациониот суд во Ниш наведува дека жалбите се основани, а дека „првостепениот суд во образложението на оспорената одлука не наведува образложение за фактите што се предмет на докажување, а од кој произлегува материјалниот услов за поднесување на обвинителен акт – „постоење на основано сомнение“.

Апелациониот суд во Ниш наведува и дека првостепениот суд во Зајечар наместо да се занимава со тоа дали има доволно докази, навлезе во содржината на поединечните докази во кои се наведува дека од нив се „утврдени факти“, по што дал оценка дека собраните докази даваат основа да се заклучи дека постои основано сомневање.

 

Обвинителството во обвинителниот акт предложи судот да ги осуди на доживотен затвор Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ.

 

Се сомнева дека Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ на 26 март во Бањско поле кај Бор со автомобил на ЈКП „Водовод“ каде што биле вработени прво удриле двегодишно девојче, а потоа го внеле во возилото. Се сомнева дека нејзиното тело го фрлиле на депонија, од каде подоцна било преместено.

 

Телото на девојчето се уште не е пронајдено.

 

Радослав Драгијевиќ е осомничен дека му помагал на синот да го премести телото на девојчето.

 

Братот на Дејан Драгијевиќ, Далибор Драгијевиќ, почина на 7 април во просториите на полициското одделение во Бор при приведување. мс/

 

фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Десетици пациенти и ранети се евакуирани од Газа на лекување

Свет

Десетици пациенти и ранети се евакуирани од Газа на лекување

Затвореник од Гвантанамо по 23 години вратен во Тунис

Свет

Затвореник од Гвантанамо по 23 години вратен во Тунис

Црна Гора: Јужнокорејскиот државјанин До Квон е екстрадиран во САД

Свет

Црна Гора: Јужнокорејскиот државјанин До Квон е екстрадиран во САД

Најмалку едно лице е повредено во руски напад на Киев, погоден и регионот Суми

Свет

Најмалку едно лице е повредено во руски напад на Киев, погоден и регионот Суми

Студентите и денеска им оддадоа почит на загинатите во Нови Сад

Свет

Студентите и денеска им оддадоа почит на загинатите во Нови Сад

Граѓаните на Нов Зеланд ја дочекаа Новата 2025 година

Свет

Граѓаните на Нов Зеланд ја дочекаа Новата 2025 година

Цените на гасот на европската берза ТТФ во 2024 повисоки за 45 отсто

Свет

Цените на гасот на европската берза ТТФ во 2024 повисоки за 45 отсто

Фронтекс ги ангажира Ербас и Израелците за контрола на Медитеранот од воздух

Свет

Фронтекс ги ангажира Ербас и Израелците за контрола на Медитеранот од воздух

 

 

 

 

 

 

 

 

Избор на уредникот

Мицкоски за ЕУ интеграцијата: Не сум авантурист, додека јас ја водам Владата, вака конципирани уставни измени нема да има

МКД

Мицкоски за ЕУ интеграцијата: Не сум авантурист, додека јас ја водам Владата, вака конципирани устав…

Од Виолета

13:38, 31 декември, 2024

Сиљановска-Давкова: 2025-та да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа

Сиљановска-Давкова: 2025-…

 

Од Цветанка

11:25, 31 декември, 2024

Агелер за Груби: Важно е луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела, се надевам дека тој е еден од нив

Агелер за Груби: Важно е…

 

Од Фатиме

15:43, 30 декември, 2024

Мицкоски: Ако некој знае каде се наоѓа Груби, се надевам дека ќе биде повикан во Обвинителството

Мицкоски: Ако некој знае…

 

Од Билјана

12:34, 30 декември, 2024

 

 

 

 

Остани поврзан

Facebook

Youtube

Twitter

Wiki

Instagram

За Миа

Импресум

Маркетинг

Јавни набавки

Инфо од јавен карактер

Оглас

 

Услови на користење

Изјава за приватност

Политика

ISO Политика

Дописници

Оргинални текстови

Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Медиумска информативна агенција. Секој упад и злоупотреба на интернет-страницата на МИА е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Северна Македонија. Правен консултант и застапник: адвокат Милена Велјаноска – Стоиловска. Изработено од Кјуб Системи

 

 

 

 

© 2022 Медиумска информативна агенција

Back to top button
Close