Температурите паѓаат под нулата, потоа следува пресврт: Какво време нè очекува до средината на неделата

Времето во земјава ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Стабилното време со сончеви периоди ќе продолжи до крајот на викендот. За време на викендот утринските температури наместа ќе се спуштат под нулата. Во сабота (07.11) се очекува сончево време со минимални температури од -1 до 6 степени и максимални од 10 до 16 степени. Во недела (08.11) ќе биде умерено облачно со утрински температури од -3 до 7 степени, додека дневните ќе достигнат од 11 до 17 степени.

 

Од понеделник до средината на следната седмица ќе преовладува променлива облачност со услови за слаб локален дожд. Во понеделник (09.11) температури ќе се движат од -1 до 16 степени со можност за локални врнежи. Во вторник (10.11) ќе има зголемување на утринските температури кои ќе се движат од 3 до 9 степени, а максималните од 12 до 17 степени. Во среда (11.11) се очекува променливо време со слаб дожд и максимална температура до 19 степени

Back to top button
Close