Жена прегазена во Тетово – возачот избегал
Жена на возраст од 66 години се здобила со тешки повреди откако била прегазена на крстосницата од ул.„Борис Кидрич“ со бул.„Благоја Тоска“ во Тетово.
-На 06.01.2025 во 16.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосницата од ул. „Борис Кидрич“ со бул. „Благоја Тоска“ во Тетово патничко возило удрило во Г.Ј.(66) од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.Ј., констатирани во Клиничката болница Тетово – соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот