Поранешните претседатели на САД на погребната церемонија на Џими Картер
Бендот на американската морнарица продолжи да ја свири мелодијата додека ковчегот, носен во раце, беше спуштен по скалите на Капитолот, покрај кој стоеја униформирани членови на Специјалната почесна гарда, од каде што ќе биде пренесен до Националната катедрала во Вашингтон.
Како што е најавено, државниот погреб започна во 10:00 часот по локално време, на кој меѓу другите присуствуваа и американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден, по што телото на Картер ќе биде однесено во заедничката база Ендрјус во Мериленд во 11:15 часот. На погребот присуствуваат и поранешните претседатели Бил Клинтон и Барак Обама, како и новоизбраниот претседател Доналд Трамп